Бошко Караџов: Биографија

314688_10150356650596477_6878464_n

Автор на содржините на блогот Heresis Dea е Бошко Караџов.

Кратка биографија: Доцент д-р Бошко Караџов магистрира и докторира на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во рамките на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во областа на нормативната методологија, современата епистемологија и социологија на познанието. Неговите научни истражувања се фокусират на епистемолошките тешкотии и формалните ограничувања при обидите за логичка кодификација на квантифицираните научни искази, како и врз постмодерниот социолошки конструктивизам во поглед на научното познание. Долго време работи како средношколски професор по Филозофија и Логика и едукатор во различни младински образовни програми. Од 2007/2008 до 2010/2011 спроведува настава и вежби како наставен соработник (асистент) на Факултетот за комуникации и медиуми и Факултетот за политички науку во состав на ЕУРМ по предметните програми: Етика, Политичка филозофија и Методологија на научните истражувања.

Од 2011/2012 до 2013/2014 на Институтот за општествени и хуманистички истражувања “Евро – Балкан”, каде е избран за Доцент/Научен советник, спроведува настава по Методологија и Епистемологија на општествените и хуманистички науки во рамките на задолжителните методолошки модули за студентите на втор циклус студии на културата и родови студии.

Од 2014 година доц. д-р Бошко Караџов е стрип-теоретичар и предавач за стрип-култура при едукативната програма Art and Design for Advocacy: Comic books as advocacy tools во организација на американската фондација International Debate Education Association (IDEA).

Од 2017 година д-р Бошко Караџов е научен соработник во рамките на научно-истражувачките проекти на Одделението за лингвистика и литературна наука при МАНУ:

  • Библија и книжевноста (2016-2017)
  • Методи на книжевната херменевтика (2014-2018)
  • „Поимник на книжевната теорија – второ дополнето и редактирано издание“ (2017-2019)
  • „Од Реализам до гротеска (во бугарската и во македонската книжевност по Втората светска војна)“ (2019-2021)

Во овие научно-истражувачки проекти д-р Караџов ги истражува средновековните (с)ликовно книжевни форми, херменевтичките методи во графичката литература, гротеската во македонските и бугарските графички романи и ги подготвува поимските одредници од областа на графичката литература и дигиталната култура.

Од 2018 година д-р Караџов е научен истражувач и реализатор на предмети програмиод втор циклус на Институтот за бизнис еконономија – Скопје.

Д-р Бошко Караџов е ко-основач на Центарот за применета филозофија.

Истражувачки интерес: Методологија, Применета логика, Епистемологија на општествените науки, Политичка филозофија, Реторика, нарација и историја, Стрип-историја, теорија на стрип, стрип естетика  и др.

Публикации:

Научни статии

2019 Парадоксот на судот или Протагора против Еватл: кон епистемолошката вредност на паралогијата. Филозофска трибина бр. 26. Филозофско друштво на Македонија,  Скопје. (во печат)

2019 ‘Cartography of one political eschatology: Macedonian idea of Europe and the problem of identity‘, Fifth International Philosophical Dialogue East-West on the subject of The Crisis of the Idea of Europe, organized by Macedonian Academy of Sciences and Arts, International Slavic University and Philosophical Society of Macedonia. Skopje, Bitola and Ohrid, October 2-4, 2019. (текстот е прифатен од уредувачкиот одбор).

2019 ‘Economic freedom, neoliberalism and morality: From John Locke to Robert Nozick‘, Journal of Sustainable Development. Volume IX, Issue 22 (2019): 114-123.

 2019 ‘Парадигмите и научната револуцијата на Томас КунСписание на научни трудови од Десетата меѓународна научна конференција: “Меѓународен дијалог: Исток-Запад” (Филозофија, Лингвистика, Културологија) МСУ „ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН“, Меѓународен центар за славјанска просвета, Св. Николе- Битола, Година VI Број 4 Април 2019, стр. 13-20.

2018 ‘Христијанската венерација во средновековната графичка литература’, во Зборникот на текстови од Вториот Светиклиментов научен собир на тема “Вера и општество”. Православениот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. (во печат).

2019 ‘Demonopolization of the State: The Problem of Security and Freedom in the Minarchist Society’, Зборник радова са научне конференције у оквиру “19 Međunarodne filozofske škole FELIX ROMULIANA”, Зајачар. (текстот е прифатен од уредувачкиот одбор).

2018 ‘Епистемологија на историјата и лингвистичкиот пресврт: од Вико до Вајт’ Филозофска трибина бр. 25 . Филозофско друштво на Македонија,  Скопје (2019) : 35-50.

2018 ‘Филозофија на детството или кон онтолошкиот јазик на детската игра‘, VIII Филозофски Филмски Фестивал (филм и филозофија), Филозофско друштво на Р.М. Скопје. (текстот е објавен електронски на блогот на авторот и на официјалната фб-страница на фестивалот)

2018 ‘Заведувањето на невините и comic code цензурата во американскиот стрип’, Стрип ревија “Деветка” , Година 1, бр. 1, Стрип-Квадрат, Скопје, 2018, 34-38.

2018 ‘Paradoksi i Tolererancës’ Revija Shenja, Viti VIII, Nr. 84 (2018) : 25-27.

2018 ‘Стрипот и графичката литература како интермедијална дидактичка алтернатива на педагошкиот пантекстуализам во формалното образование‘, Списание на научни трудови од Деветата меѓународна научна конференција, МСУ „ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН“, Меѓународен центар за славјанска просвета, Св. Николе, Битола, Година V Број 3 Април (2018) : 9-16.

2017 ‘Поперовиот парадокс на толеранцијата и анархо-пацифистичката филозофија‘, Филозофска трибина бр. 24, Темат: Филозофијата и мирот  Филозофско друштво на Македонија,  Скопје (2018) : 69-82.

2018 ‘ ’Херменевтичкиот квадрат’ како интерпретативен образец во стрип-творештвото и во графичката литература’, Критички методи и толкувања, том 2. (прир. академик Катица Ќулавкова), Македонска академија на науките и уметностите, Скопје (2018) : 387-398.

2018 ‘Минархистичката слобода и (ре)дистрибутивната правда: кон етичките премиси на Нозковиот анархизамФилозофска трибина бр. 22-23, Темат: Слободата и современоста. Филозофско друштво на Македонија,  Скопје (2018) : 103-118.

2017 ‘Proto-comics and Biblical Veneration in Medieval Graphic Storytelling and Visual Narrative‘, Journal: Context/Контекст Issue No: 16 (2017): 145-167.

2017 ‘Дигиталниот стрип и идејата за бесконечното платно: кон една субјетивистичка естетика на стрипот‘, Филозофска трибина 21. Темат: Филозофија и филм.  Филозофско друштво на Македонија, Скопје (2017) : 193-227.    

2017 ‘Џон С’рл против Жак Дерида: филозофската термининологија помеѓу терористичката опскурност и илокуцискиот говорен чин‘, Списание на научни трудови од Меѓународниот симпозиум на тема: λόγος и τροπος (во поттемата: Постмодерна, во делот: Логосите на науката, филозофијата и религијата: дивергенција или конвергенција) во организизација на Институтот за класични студии и Институтот за филозофија, Здружението на класичари на Р.М и Филозофското друштво на Македонија. (Зборникот ќе излезе во печат во 2019)

2017 ‘Омаж за хероизмот и дивата убавина’, Предговор за книгата со стрип-илустрации ‘Црно на Бело’ на Игор Јовчевски. Стрип Квадрат, Скопје (2017) : 4-5.

2017 ‘Велес: Срцето на Македонија’ (Трета епизода), сценарио за историско-документарен филм за Велес. Македонска радио телевизија. Јули 2017. <https://www.youtube.com/watch?v=BS29Q_1L1fI&t=526s&gt;

2017 ‘Нормативната методологија и применета логика во средниот век: еуристичките начела во природо-научните филозофии во схоластичката традиција’. Списание на научни трудови од VIII-тата Меѓународна научна конференција “Меѓународен дијалог: Исток – Запад” (филозофија, лингвистика и културологија),  Меѓународен центар за славјанска просвета – Св. Николе, Година IV Број 4 Април (2017) : 27-34.

2017 ‘За математичкиот и епистемичкиот поим на веројатноста’.ко-авторство со проф. д-р Зоран Трифунов. Списание на научни трудови од VIII-тата Меѓународна научна конференција “Меѓународен дијалог: Исток – Запад” (филозофија, лингвистика и културологија),  Меѓународен центар за славјанска просвета – Св. Николе, Година IV Број 4 Април (2017) : 71-78.

2016 ‘Стапицата на Фукујама и смртта на политичкиот романтизам‘, Филозофска трибина бр. 19, Филозофско друштво на Македонија,  Скопје (2016) : 63-71.

2015 ‘Redefining Comics: Towards a Subjective Aesthetics of Comic Book Art” in: Art & Design for Advocacy program,  IDEA SEE. 

2015 ‘Историзации на симболичките искуства: нарација и реторика’. Списание на научни трудови: Меѓународен дијалог: Исток – Запад (психологија, филозофија, лингвистика, културологија), Том 2, Година 2, број 4, стр. 146-150.   Корпоративен Меѓународен Славјански Универзитет “Г. Р. Державин”, Св. Николе – Битола, Р. М. 2015.

2015 ‘Стахановизам и лудизам: кон марксијанската антропологија и проблемот на слободата‘, Филозофска трибина бр. 20, Филозофско друштво на Македонија, Скопје.

2015 ‘Филозофската пропедевтика во мрежното општество: од веб 2.0 кон дигиталната методика во наставата по филозофија‘, Филозофска трибина бр. 17 стр. 49-66, Филозофско друштво на Македонија, Скопје, 2015. 

2014 ‘Логичка анализа на научниот јазик: епистемолошките вредности на применетата логика‘, Филозофска трибина бр. 16, Филозофско друштво на Македонија, Скопје, (2014: 63-76)

2015 ‘Стрипот во дигиталната ера: редефинирање и преосмислување, Стрип магазин Креатор бр. 21 и бр. 22, стр. 47-56 и стр. 48-56. СЦМ – Велес, 2015.

2014 ‘Боб Дилан – поетика на ослободувањето’. Предговор за Збирка песни на Боб Дилан (2014: 6-13 )

2014 ‘Образованието во дигиталното доба: предизвици и решенија’. коавторство со доц. д-р Зоран Трифунов. Списание на научни трудови: Меѓународен дијалог: Исток – Запад (култура, славјанство и економија), Корпоративен Меѓународен Славјански Универзитет “Г. Р. Державин”, Св. Николе – Битола, Р. М. (2014: 280-287)

2013 ‘Молчеливците на Рорти и аферата “Сокал”: кон вердиктичките корени на непомирливоста меѓу континенталната и аналитичката филозофија’. Зборник на текстови: Филозофијата на крстопат: Аналитичка или континентална филозофија. Филозофски факултет, Скопје, (2013) : 125-133.

2012 ‘Епистемичката индукција како вердиктички модел во аналитичката филозофија’ Филозофија 33 (2012) : 25-50

2010 ‘Методолошките капацитети на лингвистиките модели во општествените науки: структурализам и структурална анализа’ Зборник на трудови ЕУРМ, стр. 731-750.

2009 ‘Општествениот договор: историски факт или толковен модел’ Зборник на трудови ЕУРМ, стр. 389-404.

2008 ‘Научно објаснување: методолошки испитувања’ Зборник на трудови ЕУРМ, стр. 245-269.

Конференциски прилози и научни реферати и соопштенија   

2019 ‘Парадоксот на судот или Протагора против Еватл: епистемолошката вредност на паралогијата. Научен реферат приложен на Симпозиумот по повод 16. одбележување на Светскиот ден на филозофијата на тема „ЧОВЕКОТ КАКО МЕРА: 2500 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ПРОТАГОРА во организација на Филозофскиот факултет , Институтот за филозофија и Филозофското друштво на Македонија. Филозофски факултет – Скопје. (21.11.2019).

2019 ‘Cartography of one political eschatology: Macedonian idea of Europe and the problem of identity‘, научен реферат приложен на Fifth International Philosophical Dialogue East-West on the subject of The Crisis of the Idea of Europe, organized by Macedonian Academy of Sciences and Arts, International Slavic University and Philosophical Society of Macedonia. Skopje, October 2, 2019. 

2019 ‘Demonopolization of the State: The Problem of Security and Freedom in the Minarchist Society’, научен реферат приложен на научната конференција во рамките на “19 Međunarodne filozofske škole FELIX ROMULIANA”, Зајачар. (31.08.2019)

2019 ‘Крајот или враќање на историјата: Политичкиот романтизам од Фукујама до Нозик’, авторизирано предавање во рамките на третата сесија на Школата за анти-авторитарни студии Стив Наумов во Libertania – Center for Contemporary Politics, European Students for Liberty и Правниот факултет во Битола. Правен факултет – Битола (30.04.2019) 

2019 ‘Educational system in R. Macedonia: Challenges and Development’, научна презентација во рамките на Европската образовната програма Erasmus +  во Euro pass Teacher Academy, Florence – Italy (22.04.2019)

2019 Economic freedom, neoliberalism and morality: From John Locke to Robert Nozick‘, Научен реферат на International Conference on Sustainable Development in Business and Economics as a part of the First Erasmus+ International Week. Organized by  Integrated Business Faculty – Skopje, R.M.  (12th of April, 2019).

2019 ‘Introduction: What is Digital Paideia (Learning Philosophy in 21 century)’, научен прилог (авторизирани предавања) во рамките на Европската образовната програма Erasmus +  во Liceo Artistico “M.Preti/A. Frangipane” Reggio Calabria – Italy. (27.01-01.02.2019)

2018 ‘Маус на Арт Шпигелман или за академската и културната легитимација на стрипот’, промотивна реч приложена на промоцијата на македонскиот превод на графичкиот роман Маус од Арт Шпигелман во издание на издавачката куќа Темплум. (ГЕМ клуб-Менада, Скопје,  28.12.2018).

2018 ‘Христијанската венерација во средновековната графичка литература’, научен реферат приложен на Вториот Светиклиментов научен собир на тема “Вера и општество” во организација на Православениот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. (Скопје, 06.12.2018).

2018 ‘Уметноста, активизмот и општествената одговорност’, академско соопштение/авторизирано предавање во рамките на едукативниот настан Креативен активизам во организација на Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа – Скопје. (Охрид, 12.11.2018).

2018 ‘Епистемологија на историјата: кон историскиот текст како литературен артефакт и генеологијата на наративната парадигма во Scienza Nuova на Џовани Батиста Вико’, научен реферат на Симпозиумот повод Светскиот ден на филозофијата на тема „КУЛТУРА, ИСТОРИЈА, ПОЛИТИКА — ЏАНБАТИСТА ВИКО И КАРЛ МАРКС: 350 И 200 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО“  во организација на Институтот за филозфија при Филозофскиот факултет и Филозофското друштво на Македонија. (15 ноември 2018)

2018 ‘Liberty and Censorship in American Pop Culture‘, научен прилог /авторизирано предавање во рамките на 2018 European Students For Liberty Bitola Regional Conference  во организација и на покана на Students for Liberty – Macedonia and Students for Liberty – Europe. (Битола, 27 октомври 2018)

2018 ‘Филозофија на детството или кон онтолошкиот јазик на детската игра‘, научен прилог/авторизирано предавање во рамките на Филозофскиот филмски фестивал (17. април 2018)

2018 ‘Дигитална paideia‘, научен прилог на научната трибина  “PAIDEIA – местото на философската наука во современото образование” во организизација на Филозофско-христијанскиот форум, ЕУ Инфо центарот и Филозофскотодруштво на Македонија. (Скопје 29 февруари 2019).

2018 ‘Филозофија и поп-култура, научен прилог во специјализираната телевизиската емисијата за промоција на филозофската култура PikePamje на TV Shenja – Скопје (16.02. 2018).

2017 ‘Затвореното општество и неговите пријатели: Поперовиот парадокс на толеранцијата и анархо-пацифизмот‘, Kонференциски прилог на Симпозиумот “Филозофијата и мирот” во организизација на Институтот за филозофија и Филозофскотодруштво на Македонија, Филозофскиот факултет,  Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје. (17 ноември 2017)

2017 ‘Џон С’рл против Жак Дерида: филозофскиот λόγος помеѓу терористичката опскурност и илокуцискиот говорен чин’. Конференциски научен прилог/реферат на Меѓународниот симпозиум на тема: λόγος и τροπος (во поттемата: Постмодерна, во делот: Логосите на науката, филозофијата и религијата: дивергенција или конвергенција) во организизација на Институтот за класични студии и Институтот за филозофија, Здружението на класичари на Р.М и ФДМ на Филозофскиот факултет во при Универзитетот св. Кирил и Методиј – Скопје. (29/30.05.2017)

2017 ‘Историја на стрипот како медиум за општествено – политички активизам’. Академско соопштение/авторизирано предавање на IDEA Open младинската конференција за активизам и уметност во организација на Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа – Скопје. (ФОН Универзитет, 29.04.2017).

2017 ‘Нормативната методологија и применета логика во средниот век: еуристичките начела во природо-научните филозофии во схоластичката традиција’. Конференциски прилог на VIII-тата Меѓународна научна конференција “Меѓународен дијалог: Исток – Запад” во организација на Меѓународниот Славјански универзитет Г. Д. Державин, Св. Николе – Битола – Тумбов. (28.04.2017).

2017 ‘За математичкиот и епистемичкиот поим на веројатноста’. Конференциски прилог, во ко-авторство со проф. д-р Зоран Трифунов, на VIII-тата Меѓународна научна конференција “Меѓународен дијалог: Исток – Запад” во организација на Меѓународниот Славјански универзитет Г. Д. Державин, Св. Николе – Битола – Тумбов. (28.04.2017).

2017Proto-comics and Biblical Veneration in Medieval Graphic Storytelling and Visual Narrative‘, Academic Conference THE BIBLE AND LITERATURE,  organized by MACEDONIAN ACADEMY OF SCIENCES AND ART and BALKAN INSTITUTE FOR FAITH AND CULTURE, MASA, April 20-21, 2017.

2016 ‘Нозиковото прашање и сказната за еден роб: пролегомена за минархистичката слобода и дистрибутивната правда’, Конференциски прилог на Симпозиумот “Слободата и современоста” во организација на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет и Филозофското друштво на Македонија. (17 и 18.11.2016)

2016 ‘History of comics as medium for artivisam’, научен прилог (авторизирани предавања) во рамките на образовната програма Art and Design for Advocacy Lab во The Sir John Cass Faculty of Art, Architecture and Design при London Metropolitan University. (16-17.03.2016)

2015 ‘За Универзитетот и студентот’, Научен прилог на трибината на тема: “Корените на образованието” во организација на Студентскиот парламент на технолошко – техничкиот факултет во Велес повод Денот на македонските студенти. (11.12.2015)

2015 ‘Аристотеловата реторика’, Научен прилог на трибината на тема: “Јавно говорење” во организација на Клубот на Оратори при Правниот факултет Јустинијан први – дисперзирана единица Велес. (21.11.2015)

2015 ‘Стапицата на Фукујама и смртта на политичкиот романтизам’. Конференциски прилог на Симпозиумот “Филозофија и политика” повод Светскиот ден на филозофијата во организација на Институтот за филозофија и Филозофското друштво на Македонија. (19-20.11.2015)

2014 ‘Бедата на стахановистичката антропологија’. Конференциски прилог на Симпозиумот “Марксизмот денес” во организација на Институтот за филозофија и Филозофското друштво на Македонија. (23.12.2014)

2014 ‘Филозофската пропедевтика во мрежното општество: од веб 2.0 кон дигиталната методика на наставата по филозофија’. Конференциски прилог на Симпозиумот “Филозофијата и образованието” повод Светскиот ден на филозофијата во организација на Институтот за филозофија и Филозофското друштво на Македонија. (20.11.2014)

2014 ‘Образованието во дигиталното доба: предизвици и решенија’. Конференциски прилог на V-тата Меѓународна научна конференција “Меѓународен дијалог: Исток – Запад” во организација на Меѓународниот Славјански универзитет Г. Д. Державин, Св. Николе – Битола – Тумбов. (25.04.2014).

2014 ‘Comics in the Digital Age: Redefining and Rethinking’. Научен прилог (авторизирано предавање)  приложено на академскиот панел при 12-тиот Меѓународен Стрип Салон – Велес 2014. (01.10.2014)

2013 ‘Идентитетски статегии и културни политики’. Научен реферат приложен на научната конференција “Националниот идентитет и интеграцијата на Р. Македонија во ЕУ” во организација на “Маршал Центар” – Македонија. Скопје, (14 мај 2013г., Дом на АРМ, Скопје)

2012 ‘Универзитетите и етиката. Научно соопштение приложено во рамките на циклусот: “Академски разговори” во организација на Институтот за општествени и хуманистички истражувања “Евро-Балкан” – Скопје. Р. М. (09.09.2012)

2011 ‘Националниот идентитет. прераскажувања и преплетувања’. Конференциски научен прилог на научниот панел “Националниот идентитет и интеграцијата на Република Македонија во ЕУ“ во организација на “Маршал-центар” – Македонија. (20.04.2011)

2011 ‘Идентитетите и балканот, научно соопштение во втората сесија во рамките на темата: Европа – политички, правен и безбедносен предизвик при научната конференција Eвропскиот пат кон иднината” во организација на Европски Универзитет – Р.М. (11/12.01.2011)

Книги

Логичка анализа на научниото познание (комплетирана за печатење)

Парадоксите на индуктивната логика ( комплетирано за печатење)

Блогопојавленија (во подготовка за печат)

Филозофско-политички есеи (социјална онтологија) (во подготовка за печат)

Филозофски есеи (помеѓу аналитичкото и континенталното) (во подготовка за печат)

Историја на нововековната теорија на познанието (во подготовка за печат)

Епистемологија на медиумите (во подготовка)

Метод и познание (во подготовка)

Short biography

Boshko Karadјov (Boško Karadžov), PhD, Assistant Professor

Assistant professor Boshko Karadjov has a MA and PhD in the field of normative methodology, contemporary epistemology and sociology of knowledge  completed on Institute of Philosophy at the University “Ss. Cyril and Methodius” – Skopje, R. Macedonia. For more than ten years, he has been working as a professor of Philosophy, educator in Political Philosophy and Pop culture in the International youth educational program Art for Advocacy, as a university assistant and assistant professor in Political Philosophy and Methodology and Epistemology of Social science at the European University – R. M., Institute “Euro Balkan”  and as a scientific researcher within the research projects: Bible and Literature (2016-2017), Hermeneutics methods in literature (2014-2018), “Glossary of literature theory – Second Edition” (2017-2019) of the Department of Linguistics and Literary Science at the Macedonian Academy of Sciences and Arts.

He is the author of a number of scientific studies in the field of epistemology, political philosophy, applied logic, hermeneutics in graphic literature, digital didactics and the history of comic book culture. Boshko Karadjov is a member of the Philosophical Society of Macedonia and co-founder of the Center for Applied Philosophy – R.M.

8 thoughts on “Бошко Караџов: Биографија

  1. Bosko te molam interpukciski greski i ne soodvetni termini koi verojatno samo ti si zanes sto znachat vo idnina ne.

  2. Шо би рекол поетот: Страста не познава интерпункција. 🙂

    Се шалам 🙂 Упати на пропустите, па ќе интрвенирам. Иако, имам чувство дека објекците за технички недоследности во слободна пишувака, чија природа не подразбира лекторски стадард, ниту е замислена во рамките на правописна и правоверна педантност, се малку злоќудни и псевдодаскалски :). Но, прифаќам. Имам уважување за јазичните пиетисти.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s