Dr. Morgue

Неколкупати на стрип форумите наидов на позитивни впечатоци од една италијанска стрип – серија, насловен како Dr. Morgue (Доктор Морг). Па, така љубопитен, решив да видам за што станува збор, и согласно доживувањата, да споделам иimagesмпресии. А и да препорачам. 🙂

Dr. Morgue е сосема солиден краток стрип – серијал. Филозофски прониклив, серијалот Dr. Morgue зборува за смртта од една неверојантна, сурова, неудобна и вознемирувачка позиција. Смртта, или можеби подобро, она што останува од неа. Трупот, салата за обдукција, инструментите за аутопсија, суморниот хумор на патологот, мртовечницата, разделено подредените органи, мртвите и секако, еден комплетно луд доктор – патолог без никаков сентимент за траорот на неговото секојдневие.

Dr. Morgue е стрип кој, секако на стрипосвоен начин, ја репрудицира онаа естетска игра со смртта во која нема романтика, хероизам, смисла, туку напротив, владее апсурдот, бесмислата, ужасот по себе. Напати, наликува и стриповски ја оформува танатолошката атмосфера која турскиот режисер Нури Цејлан (Nuri  Ceylan) ја прикажа во култниот хадегеријански Once Upon a Time in Anatolia. А напати, сугерира атмосфера на класична криминалистичка приповетка.

Dr. Morgue е авторски дело на две авангардни авторки, Силвија Мериконе (Silvia Mericone) и Рита Порето (Rita Porretto) како ко-авторки на ликот, сценаристичкиот плот и епизодите, а цртачки, краткиот серијал, (с)ликовно го вообликуваа: Francesco Bonanno, Marco Fara, Daniele Statell, Paola Camorian, Benjamin DelVecchio.

Dr. Morgue во Италија, во 2011 и 2012, го печатеше малата издавачка куќа од Перуџа, Edizioni Star Comics, која покрај овој серијал, и покрај публикувањето Манги за италијанското говорно подрачје, ги објавуваше и познатите стрип серијали: Лазарус Лед, контроверзниот Sprayliz на Luca Enoch (авторот на Драгонеро) и др. Во Србија,  Dr. Morgue, го преведе и објави, малата издавачка куќа Падора. Стрип – серијалот има 6 епизоди во Бонели формат од 98 страни и еден специјален број од 144 страни.

china34Она што е впечатливо во овој серијал е главник лик Јорик Малатеста (Dr. Morgue) кој болува од посебна форма на аутизам. Оваа форма на аутизам, позната во медицинската класификација како Аспергеров синдром прави пациентите нормално да развијат вербален говор и интелегенција, но имаат моторичка неспретност, не можат да развијат вештини за препознавање невербална комуникација и, највпечатливото,  тотално отсуство на било каква форма или капацитет за емпатија. Овој редок вид на аутизам го добил името Аспергеров синдром по името на австрискиот педијатар Ханс Аспергер, кој во 1944 година ги опишал децата кои очигледно имаат нормална интелигенција, но им недостасува вештина за невербална комуникација, физички се неспретни и не покажуваат емпатија.

Поради манифестациите на Аспергеров синдром, главниот лик има однос кон смртта комплетно лишен од било каквиите сентименти, апсолутно без соочуствување, не само на жртвите над кој врши обдукција во својата лабараторија за патолошка аутопсија, туку и кон самиот себе си и неговите колеги од истражното оделени на Монтреалската полиција каде и работи Но, измачувачки до немера од повторливоста на само еден сон и поттикнат од сновиденијата, Јорик има за задача да им помегне на несреќните жртви да преминат од Другата Страна. А упокојувањето, спокојот и мирот доаѓа само со Вистината за чинот кој ја предизвикува нивната смрт. Затоа, Јорик во својата мртовечници, со моќта на инструпентите на врвниот судски истражен патолог, ги отчиува трагите на мртвото тело кое и по смртта не престанува да му говори на врвниот патолог. Тој истражен сецирачки разговор со мртвите тела, низ филозофското обистунување на фактот дека на крајот на нештата не сме ништо друго освен “смеса од меса”, е таква обдукција која обезспокојува со својата банална морбидност и техничка рутинизираност во процедурата на едно судско вештачење, но, од друга страна, истовремено, без тој крик на покојникот, невозможен е неговиот премин во Мир, од другата страна на Овдето.

images (1)Dr. Morgue е типичен антихерој, анти лик, но протострипски. Наликува на д-р Хаус (има во стрипот и референца на тоа), но Dr. Morgue не е арогантен дијагностички маг, туку, аутист без капацитет за соочуство и можност да ја разбере социјалната игра на општествените протоколи на љубезност, емпатија, премолчување, затскривање и сл. Не е ни брутално искрен, едноставно има Аспергер. Не знае кога, како и дали повдредува некого. Наликува и на патологот Dr. Henry Morgan од тв серијата Forever која оди на ABC од оваа година, но Dr. Morgue не е бесмртен и секако сценариото на стип авторките не е преземено, како сценариот на Forever, од истоимената новела од 2003 тата на Pete Hamill. Авторките во Dr. Morgue, всушност, си играат, секако интерстекстулано, испирирајќи се од познат климинален чин за кои во документациска белешка на крајот од стрипот наведуваат кое злодело било сценаристичка инспирација за приказната. Постои филипински стрип насловен како Dr Morgue од стрип авторот Nestor Tantiado 1990 објавуваше во Хорор стрип списането Holiday, но немам увид, освен насловната, дали станува збор за интеференција, интертекстуалност или случајност.

Dr. Morgue има villain кој ликовно се решава со ликот и хомонимијата на Орсон Велс. Тука стрипот е најслаб и нема уверливо објснување зошто главниот негативен лик е претставен како Орсон Велс и се вика Орсон Мејсон. Но, како и да е, Орсон во стрипот е градоначалник кои верува дека соврениот злочин, не само што постои, туку преставува уметничко дело. Па, верувајќи во одреден псевдо-морализам, охрабрува совршени убиства и ремек злодела кои може да ги реши само “оној кој говори со мртвите”. Но не, анимистички, туку со Шерлок Холмс- овски обдукционизам.Секој број носи наслов поврзан со смртта: Совршена, избрана, неочекувана смртт и итн., а во насловните доминира виолетовата боја која симболички ја претставува смртта.

Заклучно, серијалот е солиден. Книжено, малку потсетува на остварувањата од танатолошкиот жанр, како  Смртта на Иван Илич (Толстој) или As I Lay Dying на William Faulkner, филмки ме потсети на Нури Цејлан (Nuri  Ceylan) и Once Upon a Time in Anatolia, а филозофски, пораката е хајдегеријанска: ние не сме живи, ние сме се уште живи.